Сите објави

Нова апликација

Kidly е на App Store и Google Play

Нашата едукативна игра за најмалите е официјално објавена: 8 светови и 39 игри, бесплатно, без реклами, без интернет и без собирање податоци. Работи и на стари телефони и таблети.

Автор: Nikola Gjorgiev · · 4 мин. читање · 322 прегледувања

Kidly, едукативна игра за деца, на телефон и таблет

Kidly е официјално објавена на App Store и Google Play! Нашата едукативна игра за најмалите сега може бесплатно да се симне на телефон и таблет. Без реклами, без купувања во апликацијата и без собирање податоци.

Kidly
Kidly: Learning GamesБесплатно · Без реклами · iPhone, iPad и Android
Download on the App StoreGet it on Google Play

Од SmileyOS до секој телефон

Kidly најпрво ја направив како апликација во SmileyOS, оперативниот систем за деца на кој работам во слободното време. Ја правев за мојот син Марин и за децата на неговата возраст: игри што учат броење, букви, форми и логика, без ништо што ги одвлекува.

Реакциите беа толку убави што решив да ја направам и како посебна апликација за телефони и таблети, за да може да ја игра секое дете, не само тие што имаат SmileyOS.

Марин ја игра Kidly на SmileyOS

Што има внатре

Домот е остров со осум места. Секое место е посебен свет со свои игри:

🔢МатематикаБроење, споредување, собирање, одземање, множење и делење
🐮ЖивотниПрашања, сенки, меморија, од мало до големо
🦖ДиносаурусиУпознај ги, спој ги сенките, подреди ги
🔷ФормиФорми и бои низ игри со влечење
🔤БуквиНајди ја буквата, која следи, мали и големи, прва буква
🚀ВселенаПланетите по ред, сенки и меморија
🚩ЗнамињаЗнамиња од целиот свет
🤖ЛогикаРобот во градината, лавиринт, што следува, што не припаѓа

Секоја игра има три нивоа, па расте заедно со детето.

Ѕвездички, балони и албум со налепници

Секое завршено ниво носи ѕвездичка, балони за пукање и подарок. Во подарокот чека нова налепница за албумот: 24 налепници на четири страници. Мала награда, но доволна детето да сака уште едно ниво.

Безбедно за децата, мирно за родителите

  • Без реклами
  • Без купувања во апликацијата
  • Без сметка и без најава
  • Работи без интернет
  • Не собира никакви податоци
  • Мирна музика што може да се исклучи

Работи и на стари уреди

Kidly е мала и брза. Намерно ја направивме да работи на што постари уреди: телефони и таблети со Android 5.0 или понов, и iPhone и iPad со iOS 13 или понов (iPhone 6s, iPhone SE, iPad Air 2, iPad mini 4 и понови). Стариот таблет од фиоката повторно може да стане корисен.

На македонски, англиски и албански

Јазикот се избира со еден допир на островот. Сите игри, прашања и зборови се преведени на сите три јазици.

Подолга прошетка низ Kidly

Благодарност

Голема благодарност до сите што ја тестираа бета верзијата преку TestFlight и Google Play. Ако имате забелешка или идеја, пишете ни на info@smileytech.mk. Секоја порака ја читам.

Симнете ја Kidly бесплатно

За iPhone, iPad и Android телефони и таблети.

Download on the App StoreGet it on Google Play

Дали ви се допадна објавата?

Споделете ја објавата

Знаете родител, наставник или училиште што треба да го прочита ова? Препратете им.