Нов проект · Boardly
Boardly: целиот Azure DevOps backlog на едно платно
Нова бесплатна Chrome екстензија од SmileyTech: епиците, функционалностите и задачите од Azure DevOps Boards како поврзано дрво на платно со зумирање, со филтри и приватни белешки.
Автор: Nikola Gjorgiev · · 4 мин. читање · 89 прегледувања

Секој што работел со Azure DevOps Boards го знае чувството: стотици ставки во долги листи, епици, функционалности и задачи распрскани по различни екрани. Податоците се таму, но целата слика не се гледа. Затоа направивме Boardly – бесплатна Chrome екстензија што backlog-от го претвора во платно со зумирање.
Идејата не е целосно моја
Еве уште едно нешто бесплатно што може да му послужи на секого. Инаку, да бидам реален, ова не е моја оригинална идеја. Еден колега во Abysalto, Бојан Божиновски (Буш), направи нешто слично за да си ја олесни работата. Не беше канвас, туку алатка за полесно прегледување на тикетите, нивните родители и деца.
Му предложив како може да ја подобри, но бидејќи немаше време, решив јас да направам подобра верзија според моето видување – со канвас – и да ја понудам на секого бесплатно. Затоа е фер да признаам дека идејава не е целосно моја: Boardly е подобрена верзија на она што Буш го направи. Kudos до него за инспирацијата! Му предложив да ја објави на Chrome Web Store, не сакаше, па решив јас да го сторам тоа. Веројатно нема да се налути :)
Пробајте ја
Boardly е достапна бесплатно на Chrome Web Store. Ако работите со Azure DevOps секој ден, пробајте ја на следниот sprint planning и кажете ни што недостасува.
Што прави Boardly
Отворате која било страница за Boards, Backlogs или Sprints во Azure DevOps и кликате на копчето Boardly. Секој епик е на врвот, неговите функционалности во ред под него, а под нив backlog ставките, user stories и баговите. Стрелките ги покажуваат врските родител–дете, зависностите (predecessor/successor) и поврзаните ставки.
- Бесконечно платно: влечете за поместување, скролајте за зумирање, „Fit“ за да видите сè одеднаш
- Собирање и отворање на секој епик или функционалност, или на сè со еден клик
- Компактен режим за големи backlog-ови
- Филтри по наслов или ID, тагови, доделени луѓе и состојба – родителите остануваат видливи за контекст
- Панел со детали: состојба, доделено на, итерација, effort, напредок, тагови, опис и врски
- Двоен клик на картичка ја отвора вистинската ставка во Azure DevOps

Приватни белешки
Понекогаш сакате да запишете нешто кратко за некоја задача – „чекам API клуч“, „да се потврди со backend“ – без да го полните тикетот со коментари што не се за целиот тим. Во Boardly можете да додадете белешка на која било картичка. Таа се појавува како жолта ознака и, ако сакате, како самолепливо ливче на самото платно. Белешките остануваат само во вашиот прелистувач и никогаш не се запишуваат во Azure DevOps.

Без токен, без сервер
Boardly ја користи сесијата со која веќе сте најавени во Azure DevOps. Нема personal access token, нема сметка, нема поставување. Ставките се вчитуваат директно од вашата организација во прелистувачот и никаде не се праќаат. Нема аналитика, нема следење, нема надворешни сервери. Белешките и поставките се чуваат локално во Chrome storage.
Технички, екстензијата е намерно мала: Manifest V3, чист JavaScript без build чекор и интерфејс во Shadow DOM, за да не се меша со изгледот на Azure DevOps. Целиот пакет е околу 35 KB.
Работи со организации на dev.azure.com и *.visualstudio.com и со процесите Agile, Scrum, Basic и CMMI. Има и режим „Demo data“, за да ја пробате без вистински податоци.

Boardly е независна алатка и не е поврзана со, ниту одобрена од Microsoft. Azure DevOps е заштитен знак на Microsoft Corporation.
Дали ви се допадна објавата?
Споделете ја објавата
Знаете родител, наставник или училиште што треба да го прочита ова? Препратете им.