Во медиумите · SmileyOS 1.6
SmileyOS 1.6: Smartportal пишува за македонскиот оперативен систем за деца
Неколку недели по верзијата 1.0, SmileyOS 1.6 beta има над 81.000 линии Rust код, се стартува од USB без инсталација — и за него пишуваше Smartportal.
Автор: Nikola Gjorgiev · · 3 мин. читање

На 19 декември 2025 Smartportal објави текст за SmileyOS, напишан од Мишо Лекиќ. Целиот текст е таму; тука накратко што донесе верзијата 1.6.
Smartportal го претстави SmileyOS како македонски оперативен систем, направен специјално за деца од 8 до 12 години што сакаат да научат да програмираат — според текстот, можеби и прв ваков во светот.

Што донесе верзијата 1.6
SmileyOS 1.6 е beta верзија, а финалната ја планирам како 2.0. Само неколку недели по верзијата 1.0, кодот порасна од околу 50.000 на над 81.000 линии Rust.
Во 1.6 веќе има:
- boot екран и графички интерфејс,
- терминал,
- вградени апликации и игри,
- multitasking – повеќе апликации во исто време,
- file manager,
- вграден програмски јазик, Smilium,
- поддршка за глушец,
- избор на тема.
Од USB, на секој компјутер, без интернет
SmileyOS се стартува од USB меморија, без инсталација, и е наменет да работи на кој било компјутер, па и на постарите. Работи без пристап до интернет — за децата тоа е и безбедносна предност: нема реклами, нотификации ни бесконечно скролање.
AI како copilot, не автопилот
SmileyOS е напишан во Rust, а најголемиот дел од кодот е генериран со AI, во уредувачот Cursor со моделот Opus 4.5 Max. Но AI сам не прави оперативен систем: потребен е програмер што ја разбира работата и го води процесот.
Што следува
Покрај самиот систем, планирам и книги за учење на системот и на програмирањето, за децата да имаат од каде да тргнат, чекор по чекор.