Сите објави

Новости · SmileyTech

SmileyTech е официјално компанија: од YouTube канал до регистриран стартап

На 18.11.2026, точно една година по првиот комит на SmileyOS, во Централниот регистар е регистриран ДПТУ СМАЈЛИТЕК ДООЕЛ. Како стигнавме дотука и што следува.

Автор: Nikola Gjorgiev · · 6 мин. читање · 63 прегледувања

SmileyTech.mk
Никола Ѓоргиев, основач на SmileyTech
Никола Ѓоргиев · основач

Официјално е. Од 18.11.2026, точно една година по првиот комит на SmileyOS, во Централниот регистар е регистриран ДПТУ СМАЈЛИТЕК ДООЕЛ.

SmileyTech веќе не е само име што го ставам на своите проекти. Сега е компанија. Ова е приказната за тоа како почна, што сè се изгради по патот и зошто амбицијата отсекогаш беше ова еден ден да стане стартап.

Сите велеа дека е невозможно. Го направив возможно: SmileyOS и SBOOK Go
Регистрирана компанијаДПТУ СМАЈЛИТЕК ДООЕЛЗапишана во Централниот регистар на 18.11.2026

Сè почна со еден YouTube канал

На 2 април 2019 отворив YouTube канал. Првото видео беше за игра на која работев со месеци, Electron. Околу една недела подоцна ја објавив првата лекција од бесплатен курс за C# на македонски.

Следуваа уште курсеви: C#, Unity, JavaScript, React и HTML/CSS. Шест курсеви со повеќе од 90 лекции, сите бесплатни и сите на македонски. Денес каналот има повеќе од 170 видеа.

Паралелно со курсевите продолжив да градам и свои проекти, покрај редовната работа: навечер и за викенди. Немав компанија, немав тим и немав план на хартија. Но амбицијата беше тука од почеток: еден ден SmileyTech да биде стартап со свои производи, а не само хоби.

YouTube ↗LinkedIn ↗Medium ↗Facebook ↗

Патот дотука

2 април 2019YouTube каналотПрвото видео ја покажува играта Electron. Околу една недела подоцна излегува првата лекција за C# на македонски.
2019 – 2020Бесплатни курсеви на македонскиC# и Unity во 2019, па JavaScript, React и HTML/CSS во 2020. Шест курсеви, повеќе од 90 лекции.
2020DevHelperБесплатен десктоп пакет алатки за програмери. IT.mk почнува да ја следи приказната. DevHelper →
2021Trackle.mkАпликација за следење пратки, за iOS и Android. Trackle.mk →
2025Chartly, KKSJ и ogly.mkChartly излегува на Mac App Store. Почнува работата на KKSJ и ogly.mk.
18 ноември 2025Првиот комит на SmileyOSЕден ден подоцна излегува првото видео: SmileyOS v0.1. Во декември SmileyOS 1.0 го поминува првиот тест на вистински стар лаптоп, а IT.mk ја раскажува приказната. SmileyOS 1.0 → · IT.mk ↗
2026Година на лансирањаDevHelper 2 излегува во април. Во јули Electron стигнува во продавниците, седум години по првото видео, а SmileyOS 2.0 станува образовна платформа за деца. Излегуваат и KKSJ, REKOP, Boardly и Kidly. SmileyOS 2.0 → · Boardly → · Kidly →
18 ноември 2026ДПТУ СМАЈЛИТЕК ДООЕЛSmileyTech е запишан во Централниот регистар, точно една година по првиот комит на SmileyOS.

Што сè изградивме

Секој проект ме научи нешто што подоцна ми затреба за следниот. Еве ги сите. Секоја картичка го отвора проектот.

🖥️SmileyOSОперативен систем · во продавниците во 2027Оперативен систем за деца, напишан од нула. Се стартува од USB меморија, дури и на компјутер стар 10 или 20 години.Запознајте го SmileyOS → 🧩SmiliumПрограмски јазик · онлајнНашиот програмски јазик за првата линија код. Се извршува линија по линија и покажува што се случува.Пробајте го во прелистувачот → 💻SBOOK Go и SBOXКомпјутери · прв прототипНашите компјутери направени околу SmileyOS: лаптоп и мал компјутер за телевизор.Погледнете ги компјутерите → 🛠️DevHelperАлатка за програмери · macOS, Windows, LinuxБесплатен десктоп пакет алатки за програмери. Sketchly AI од идеја прави wireframe, план на проектот и почетно репо.Отворете DevHelper → 📦Trackle.mkМобилна апликација · iOS, AndroidБесплатен следач на пратки што сам го наоѓа курирот од бројот за следење. На три јазици.Отворете Trackle.mk → 🍽️KKSJМобилна апликација · iOS, AndroidБесплатна апликација за друштва што јадат заедно: гласајте каде да одите, скенирајте го менито и поделете ја сметката.Отворете KKSJ → 🎈KidlyМобилна апликација · iOS, AndroidБесплатни игри за учење за деца од 5 до 6 години, излезени од SmileyOS. Математика, букви и логика.Отворете Kidly → ⚡ElectronМобилна игра · iOS, AndroidБрза логичка игра за поврзување обоени точки. Без реклами. Првото видео на нашиот канал беше токму за неа.Отворете Electron → 📊ChartlyДесктоп апликација · MacЕдитор за дијаграми на тек за Mac.Mac App Store ↗ 🗂️BoardlyЕкстензија за прелистувач · ChromeПлатно со зумирање за Azure DevOps Boards: епици, функционалности и задачи како поврзано дрво.Chrome Web Store ↗ 🃏REKOPИгра со карти · за секој прелистувачПокер во огледало: сите раце на масата се отворени, освен вашата. Бесплатно, против ботови или со пријатели.Играјте REKOP → 🛒ogly.mkВеб · во изработкаОнлајн пазар за многу продавачи.ogly.mk ↗

Не преживеа секој проект. realizirame.mk го затворив поради неактивност, и тоа е дел од патот.

Еден голем проект

Пред една година, на 18.11.2025, го направив првиот комит на SmileyOS. Тоа што почна како експеримент стана причината за оваа компанија: компјутер што секое семејство може да си го дозволи за своето дете.

SmileyOS денес · вистински screenshot
SmileyOS денес · вистински screenshot

Денес SmileyOS 3.0 е целосен оперативен систем напишан од нула, за деца и за секого: своја работна површина, App Store, јазикот Smilium, режим за училница и родителска контрола. Без реклами и без следење.

Со регистрацијата, SmileyOS и нашите компјутери добиваат компанија што стои зад нив.

Благодарам

Благодарност до сите што веруваа во тоа што го градам настрана од работата, и до сите следачи на LinkedIn, YouTube и Medium.

📰IT.mkГо следеа целиот пат на градење на овој бренд, од почетокот на короната до денес.
🚀Cosmic DevelopmentВидоа нешто во тоа што го градам и ја покажаа својата големина.
🤝AbysaltoИ сите колеги што ме поддржуваат. Да работам во компанија каде и по работата имам сила да градам нешто свое, со луѓе што ми даваат храброст да не се откажам, многу значи.
❤️МаријаМојата сопруга. Без нејзината поддршка, трпение и пожртвуваност, сето ова и денес ќе беше уште еден неостварен сон.

Што следува

Дотука беше полесниот пат. Се надевам дека 2027 ќе биде нешто ново за СМАЈЛИТЕК.

Планот е јасен. Прво SmileyOS на USB меморија и на microSD картичка, за компјутерите што луѓето веќе ги имаат. Потоа нашите компјутери: SBOOK Go и SBOX, а по нив SBOOK. Целта е првата верзија да биде во продавниците во 2027.

Бидете меѓу првите

Пријавете се на листата на чекање за SmileyOS: првите USB мемории и новости за нашите компјутери.

Пријавете се на листата →Отворете ја продавницата

Дали ви се допадна објавата?

Споделете ја објавата

Знаете родител, наставник или училиште што треба да го прочита ова? Препратете им.